ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Чешка, Полска, Словачка и Унгарија бараат ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Тие нагласуваат дека поради постигнатиот импресивен напредок, ЕК во мај годинава даде безсусловна препорака за старт на преговорите со двете земји, но сепак Скопје и Тирана се уште чекаат зелено светло од државите членки на ЕУ

October 14, 2019 13:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заедничко отворено писмо насловено „Да го придвижиме Западен Балкан напред“, шефовите на дипломатиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, бараат ЕУ да донесе смела одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

– Северна Македонија и Албанија ги исполнија клучните критериуми што ги постави ЕУ спроведувајќи комплексни домашни реформи. Дополнително, Северна Македонија го склучи историскиот Преспански договор со Грција, со што беше надминат долгогодишниoт спор околу името на државата, пишуваат во заедничкото писмо објавено во „Политико“ чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек, полскиот Јацек Чапутович, унгарскиот Петар Сијарто и шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак.

Тие нагласуваат дека поради постигнатиот импресивен напредок, ЕК во мај годинава даде безсусловна препорака за старт на преговорите со двете земји, но сепак Скопје и Тирана се уште чекаат зелено светло од државите членки на ЕУ.

– Почетокот на преговорите е важен чекор на патот кон приклучување во ЕУ, но само по себе не значи и членство. Евроинтеграцијата зависи од исполнувањето на критериумите поставени од Унијата, чија цел е да им помогне на земјите од Западен Балкан да се реформираат, да се подготват за членство и да го подобрат животот на своите граѓани. Тоа е исто така и заеднички стратешки избор на ЕУ и нејзините партнери во регионот.  Вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е од политички, економски и безбедносен интерес на Унијата. наведуваат минситрите.

Укажуваат дека преговорите се долготраен процес што ќе и даде доволно можности на ЕУ да ги провери реформите што ги спроведуваат државите кандидати, вклучувајќи го и клучниот критериум – владеење на правото.

– Северна Македонија и Албанија со нетрпение чекаат почеток на нова фаза од процесот на интеграција во ЕУ. Време е да се донесе смела одлука за иднината не само на овие две земји, туку и на целиот Западен Балкан и ЕУ. Позитивната одлука ќе испрати јасен сигнал дека ЕУ признава конкретни резултати во исполнувањето на условите што ги поставува. Тоа ќе значи дополнителен импулс  за целиот регион за продолжување на реформите и трансформацијата. Со отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ги реафирмира своите заложби за стабилност, безбедност, демократија и просперитет на регионот. Исто така ќе го признае и потврди фактот дека само преку интеграција на Западниот Балкан, ЕУ ќе биде комплетна, а нејзините интереси долгорочно заштитени, оценуваат министерит за надворешни работи на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка.

Петричек, Сијарто, Чапутович и Лајчак во заедничкото отворено писмо констатираат дека одлуката за преговори се носи во време кога ЕУ се соочува со бројни предизвици како што се Брегзит, миграцијата, стапувањето на должност на новата Европска комисија, но овие прашања, како што нагласуваат, не смеат „да ја оддалечуваат ЕУ од она што успеа да го постигнат на Западниот Балкан и таа мора да остане посветена на обврските што ги презема кон регионот“.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk