ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еспер: Турската интервенција ја попречува борбата против терористите од групата Исламска држава

Според шефот на Пентагон, овој неприфатлив упад ја поткопа и успешната мултинационална мисија против терористите во Сирија и доведе до ослободување на многу опасни припадници на Исламска држава

October 15, 2019 10:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер, изјави дека воената операција на Турција на северот од Сирија ги попречува напорите во борбата против терористичката група Исламска држава и доведува до ослободување на многу заробени милитанти.

– И покрај противењето и повторените предупредувања од САД и меѓународната заедница, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган нареди еднострана инвазија на северот од Сирија, која резултираше со голем број жртви, раселување, разурнувања и раст на заканата за американските воени сили, рече Еспер.

Според шефот на Пентагон, овој неприфатлив упад ја поткопа и успешната мултинационална мисија против терористите во Сирија и доведе до ослободување на многу опасни припадници на Исламска држава, пренсе Тасс.

„Заради неодговорните постапки на Ердоган, ризикот за американските сили на североистокот од Сирија достигна неприфатливо ниво. Постои ризик да бидеме зафатени од широк судир. По налог на претседателот, Министерството за одбрана го повлекува американскиот воен персонал од североистокот на Сирија“, соопшти Еспер.

Тој оцени дека едностраната акција на Турција беше непотребна и импулсивна.

-Претседателот Ердоган ја сноси целата одговорност за последиците, вклучувајќи го и потенцијалниот препород на Исламска држава, можните воени злосторства и се поголемата хуманитарна криза, рече американскиот министер за одбрана, додавајќи дека е нарушен и билатералниот однос меѓу САД и Турција.

Еспер најави дека следната недела ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел каде ќе “ги притисне“ американските сојузници да преземат колективни и поединечни дипломатски и економски мерки против Анкара.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ù шанса на Северна Македонија

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk