ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Задолжувањето се прави според редовен Календар, а не според волјата на Ангеловска

Во рецензијата изработена од Силвана Жежова за КриТинк, овој пат се раскринкува чиста дезинформација што порталот Инфомакс ја изнесува во врска со задолжувањето на државата.

October 17, 2019 19:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рецензијата изработена од Силвана Жежова за КриТинк, овој пат се раскринкува чиста дезинформација што порталот Инфомакс ја изнесува во врска со задолжувањето на државата.

– Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи задолжувањето на државата не зависи од личната одлука на министерката за финансии Нина Ангеловска, туку тоа се одвива според Календар за емисија на државни хартии во вредност кој однапред за следните два квартали се објавува на веб-страницата на Министерство за финансии. Оттука, нема зошто министерката за финансии да одобрува или не задолжување.

Оригиналниот напис: АНГЕЛОВСКА ЈА ЗАДОЛЖУВА ЗЕМЈАТА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО: За 45 дена новата министерка одобрила задолжување од над 150 милиони евра

„Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53.6 милиони евра. За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев ја задолжија Македонија и граѓаните за над 150 милиони евра. Тоа е во просек над 3 милиони евра дневно задолжување во изминативе 45 дена. Психолошката граница на долгот одамна е помината“

– Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Ангеловска немаат никакво лично влијание врз аукциите кои се одвиваат според Календарот за емисија на државни хартии во вредност. Притоа, дезинформација е дека со редовната аукција на 15 октомври, која патем е и запишана во Календарот, државата се задолжува, туку се сервисираат стари долгови од пред пет години, направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешната аукција Министерството за финансии ќе покрие стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти октомври.  Ова е редовна аукција, најавена во календарот објавен на веб-страната на Министерството за финансии и нема ново нето задолжување. Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години, велат од Министерство за финансии.

– Во однос на тврдењето на текстот дека „психолошката граница на долгот одамна е помината“, од Министерство финансии потенцираат дека „бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната Влада и е сведен на 2 месечно – пракса од која не се отстапува“, што е во насока на стабилизрање на државниот долг.

Текстот што го рецензираме измешал „баби и жаби“, бидејќи сето она за што ја обвинува оваа Влада („нeискуството на новата министерка и криминогениот начин на работење на премиерот и функционерите на СДСМ доведуваат до пpoпаст на економијата и иселувањето на граѓаните“), не е поврзано со редовните аукции на хартии од вредност, кои ги практикува секоја Влада. Во однос на висината на јавниот долг и тој е намален, па така на 31.12.2016 долгот изнесуваше 48,8% од БДП додека на 30.06.2019 тој изнесува 46,7% од БДП.

На овој начин како што е напишан текстот, или постои непознаница во однос на аукцијата на хартиите од вредност и начинот на кој се сервисираат обврските, или се има тенденција да се припише вина и неодговорност таму каде што ја нема.

извор: КриТинк

 

Next Post

Видео за четвртиот „When in Krushevo“ со музика на „Фолтин“

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk