Францускиот претседател Емануел Макрон следниот месец се очекува да ги посети Скопје и Тирана. Посетата ја најави и тој лично на прес-конференцијата одржана по завршувањето на советот на ЕУ, иако тоа помина речиси незабележано.
Во најавата Макрон рече дека ќе се сретне со премиерите Рама и Заев, за да разговараат за реформите и чекорите што овие земји мора да ги преземат, како и да им покаже на двете земји дека европската перспектива на овие земји е отворена и оти Франција ќе им помогне да ја постигнат целта. Порталот од Албанија Exit.al пишува, а презема Фронтлајн.МК, дека за посетата на Макрон на Скопје и Тирана, има потврдување и од дипломатски извори. Сепак, дипломатските извори од Тирана, во овој момент немаат други поконкретни детали за посетата.
Макрон во видео исечокот вели:
– Ги препознавам обидите направени од Рама и Заев, кои се двајца храбри лидери. Ќе одам да ги сретнам месецот што следува. Ќе ја продолжиме работата, но и ние треба да ја направиме нашата работа и да не се лажеме себеси.
Арбен Зеќири