ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Шпигел“: Доколку националистите повторно дојдат на власт, патот на земјата ќе стане непредвидлив

ЕУ цврсто им вети на Северна Македонија и на Албанија дека ќе ги отворат пристапните преговори и го прекрши тоа ветување. Политичарите на тие земји се засрамени. Тоа што сега доаѓа не е добро

October 22, 2019 10:50
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ цврсто им вети на Северна Македонија и на Албанија дека ќе ги отворат пристапните преговори и го прекрши тоа ветување. Политичарите на тие земји се засрамени. Тоа што сега доаѓа не е добро, пишува германскиот весник „Шпигел“ на своето онлајн издание, пренесува МИА.

Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан беше потврдено во Солунската агенда од 2003 година, тогаш Унијата им вети интеграција на овие земји, но неофицијално ова ветување во последно време е под знак прашалник поради заморот од проширување во ЕУ, потсетува весникот.

Меѓутоа, сега ЕУ првпат не го испочитува дадениот збор и поради ветото на Франција, двете земји Албанија и Македонија нема да ги почнат преговорите, кои веќе им беа ветени од Унијата. Одлуката на Советот на ЕУ од петокот предизвика горчина низ цел регион на Западен Балкан. Политичките последици од одбивањето можат да бидат сериозни и многу европски лидери го оценија потегот како „историска грешка“, наведува „Шпигел“.

Според весникот, особено голема горчина предизвика не започнувањето преговори со Северна Македонија, па одлуката на Брисел предизвика политичка криза во земјата – лидерот на социјалдемократите Зоран Заев кажа дека тоа е „голема историска неправда“ и најави предвремени избори за април идната година и негова оставка во јануари.

Во јануари годинава Македонија го смени името во „Северна Македонија“ по речиси три децении спор со Грција. Не само што ваков случај е прв во историјата, туку е и понижувачки за мнозинството Македонци. Сепак, Северна Македонија во моментов е единствена земја во регионот која прави сериозни демократски реформи и реформи во владеење на правото. Земјата, по Шарената револуција во 2016, е позитивен пример во регионот, оценува весникот.

Шпигел коментира дека доколку националистите повторно дојдат на власт, по предвремените избори на пролет, патот на земјата ќе стане непредвидлив. Едно е сигурно, поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија во 2018 година, немаше скрупули за време на неговото владеење да ја доведе земјата и до граѓанска војна доколку е потребно, само за да остане на власт, пишува „Шпигел“.

Next Post

Шарлиз Терон преплашена од улогата во „Bombshell“

Shortcut

Најново

Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk