ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

„Стандард“: Примерот на Скопје е доказ зошто стопирање на проширувањето претставува грешка

Европската перспектива е најсилниот мотор за демократски и стопански реформи и решавачки придонесува за мир во овој многу несигурен регион. Пристапниот морков претставува геополитички лост од кој Брисел не може да се откаже, посебно поради влијанието на Русија и Кина, констатира „Стандард“.

October 22, 2019 11:17
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Примерот со Северна Македонија на која не и одобрен почеток на преговорите за членство во ЕУ, покажува зошто целосното запирање на проширувањето на ЕУ би претставувало огромна грешка, оценува виенскиот весник „Стандард“, пренесе МИА.

– Проширувањето на ЕУ не е премногу популарно. На некои нови членки, пред се на Романија и Бугарија, на почетокот им недостигаше зрелост за Унијата, а Полска и Унгарија по зачленувањето драстично назадуваа во политиката култура. Државите од Западниот Балкан, кои се наоѓаат пред вратата на ЕУ и жестоко тропаат на таа врата, се уште потешки случаи – сиромашни, корумпирани и далеку од демократско владеење на правото, наведува весникот.

„Стандард“ смета дека францускиот претседател Емануел Макрон не треба да биде осудуван поради ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, бидејќи „таквите преговори, порано или подоцна, водат кон членство независно од тоа дали тие земји ги исполните условите реално или само на хартија“.

Според весникот, иако Франција и Холандија можеби имаат добри аргументи со барањето за нови правила за прием, сепак примерот со земјава покажува „зошто целосното запирање на проширувањето на ЕУ би претставувало огромна грешка“.

– Европската перспектива е најсилниот мотор за демократски и стопански реформи и решавачки придонесува за мир во овој многу несигурен регион. Пристапниот морков претставува геополитички лост од кој Брисел не може да се откаже, посебно поради влијанието на Русија и Кина, констатира „Стандард“.

Според весникот, Владата во Скопје потрошила „многу од својот политички капитал, кога се согласи на промена на името на државата за да го реши спорот со Грција, со што ги исполни условите на Брисел и очекува вистинска награда за тоа“.

– Ако изостане наградата, тоа ќе го ослаби проевропскиот табор и ќе ги зајакне националистичките сили, наведува виенскиот весник, оценувајќи дека одлуката за одржување предвремени избори во земјава „не претставува добра веста за ЕУ и за регионот“.

„Стандард“ смета дека исполнувањето на дадените ветувања е единствен начин ЕУ да ги одржи во живот надежите за членство на земјите од Западен Балкан.

– Бесконечните преговори не се решение, бидејќи во еден момент тие ќе ја загубат својата смисла. За земјите од Западен Балкан би можело да се размисли за условено членство на една деценија или подолго, кое би било ограничено и би можело да биде повлечено. Европа имаше свои искуства кога една земја ќе влезе во ЕУ, да дојде до брзо намалување на влијанието на Западот, заклучува „Стандард“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk