ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Голема благодарност до ЕП за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа што обете држави направија значителни напори за исполнување на европските барања“.

October 24, 2019 20:56
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Изразувам голема благодарност на Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, напиша премиерот Зоран Заев на неговата фан страна на Фејсбук.

„Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно ѝ припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука“, напиша Заев.

Објава на премиерот Зора Заев со благодарност до Европарламентот

Инаку денеска со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.

Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа што обете држави направија значителни напори за исполнување на европските барања“.

„Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици од тоа врз кредибилитетот на ЕУ“, се нагласува во твитот на пратеничката група на ЕПП.

Next Post

Шекеринска: Реформите не се причина за недобивањето датум, систем не се менува за две и пол години

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk