ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Социјалните мрежи го разобличија протестот на лажните земјоделци

Уште еднаш, по кој знае кој пат, се покажа дека „лагите имаат кратки нозе“... Позната е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ да спинува и манипулира, но по протестот на лажните земјоделци, стана повеќе од очигледно дека не е целосно прилагодена на новото време на брзи комуникациски алатки. Така, онлајн заедницата и граѓанските новинари успеаја многу брзо да ги откријат и разобличат лажните земјоделци , споделувајќи со јавноста огромен број податоци за тоа што се случуваше зад параваните. Едноставно, јавноста ја препозна играта на ВМРО-ДПМНЕ и го откри вистинскиот идентитет на голем број лажни земјоделци, ги откри нивните имиња и вистински занимања и позиции, односно партиски функции. Вчерашниот ден изобилуваше и со многу хумор на сметка на овие лаги.

October 27, 2019 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Инбоксот на FRONTLINE.MK е полн со коментари и линкови до досетки и информации за лажните земјоделци што денеска продефилираа низ Скопје. Функционери на ВМРО-ДПМНЕ, нивните деца и послушните партиски војничиња беа дел од тоа манипулативно дефиле. Уште една победа на слободата на информирањето.

Уште еднаш, по кој знае кој пат, се покажа дека „лагите имаат кратки нозе“… Позната е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ да спинува и манипулира, но по протестот на лажните земјоделци, стана повеќе од очигледно дека не е целосно прилагодена на новото време на брзи комуникациски алатки. Така, онлајн заедницата и граѓанските новинари успеаја многу брзо да ги откријат и разобличат лажните земјоделци , споделувајќи со јавноста огромен број податоци за тоа што се случуваше зад параваните. Едноставно, јавноста ја препозна играта на ВМРО-ДПМНЕ и го откри вистинскиот идентитет на голем број лажни земјоделци, ги откри нивните имиња и вистински занимања и позиции, односно партиски функции. Вчерашниот ден изобилуваше и со многу хумор на сметка на овие лаги, а Рибаро напиша дури и сатирична поема на оваа тема – „Ќерка се од пратеничка мајка делеше“.

Така, до редакциите низ земјата дојдоа податоци и фотографии за вработени во администрацијата и функционери на ВМРО-ДПМНЕ која претходно побрза да се откаже од статусот организатор на „протестот на земјоделците“. Одлична улога во разобличувањето на лагите одиграа и неколку медиуми кои со анкетирање меѓу „земјоделците“ понудија материјал што ѝ послужи на јавноста да ги согледаат фактите.

Фото 1

На првата фотографија, според граѓанските новинари, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Зрновци, вработен во судската полиција во Судот во Кочани (означен со бр. 1, додека лцето означено со бр. 2, според изворите, е советник во општината од редовите на истата партија.

На втората фотографија што ни ја испрати истиот извор, се работи за наставник по физичко во ОУ „Синиша Стоилов“ во општина Зрновци (означен со бр. 1) и секретар во истото училиште (бр. 2).

Фото 2

Втората фото-информација се совпаѓа со уште еден извор од сосема различна општина во источниот дел на земјава.

Дополнително, добиваме информација, поткрепена со фотографии (фото 3) на која се препознаени и двајца вработени во администрацијата од времето на владеењето на режимот, кои работат во подрачните единици на Министерството за земјоделие во општините Пробиштип и Кочани.

Фото 3

Оваа информација наведува на прашањето дали административците вработени во ресорот што е најзасегнат со протестот на „земјоделците“, всушност, ја злоупотребиле својата службена положба и, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците, самите глумат незадоволни земјоделци во протести против владата за која работат самите…

Граѓанските новинари јавуваат и дека едниот од ликовите споменат во оваа сторија, пред два месеци добил кривична пријава за узурпација на државно земјоделско земјиште, како и тоа дека, за време на режимот бил претседател на комисијата за доделување на државно земјиште. Тоа е најблиску што некои од нив се доближиле до земјоделието.

Новинарските екипи открија дека голем дел од овие наконтени „земјоделки“ немале поим зошто се таму, како што е госпоѓата на фото 4.

Фото 4

И додека Редакцијата FRONTLINE.MK решава да не ги објави имињата на ликовите во овие фотографии и остава простор овие информации да не се потполни, сепак, големиот број вакви пријави на лажни земјоделци за кои се тврди дека се далеку од земјоделието и земјоделските маки, сведочат за тоа дека нешто тука е далеку од нормално.

Предизвиците и неволјите со кои се соочуваат земјоделците, но и други категории граѓанки и граѓани, ни оддалеку не се за потценување и заслужуваат максимално внимание и од институциите и од јавноста. Но, киднапирањето на интересите и барањата на земјоделците (или било кој друг) за потребите на политичката партија позната по криминалите и киднапирањето на државата во корист на криминалната Фамилија што владееше 11 години со земјата, заслужува секаква осуда.

Секако, најмногу внимание предизвика младата Пепица, функционерка во УМС на ВМРО-ДПМНЕ (фото 5 и 6). Таа стана вистинска старлета на денешните лажни протести. Од мајка пратеничка и татко партиски функционер, вработен во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, таа се претвори во „земјоделка“. Позирањето на УМС-вката Пепица не ѝ е туѓо, па така нејзиниот изглед беше надолго и нашироко коментиран на социјалните мрежи, често и на граница на пристојноста, како што се гледа од приложеното.

Фото 5
Фото 6

Претходно, FRONTLINE.MK објави текст за професор и поранешен директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месна партиска канцеларија, кои беа дел од „земјоделците“ што денеска протестираа против владата (фото 7). 

Фото 7: Професор и поранешен директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месна партиска канцеларија

„На лицемерието му нема крај. Веќе одамна не ја препознавам мојата партија. Со ваква политика, нема никаде да стигнеме“ – изјави за FRONTLINE.MK еден постар член на партијата, разочаран од политиките на партијата во која членува од средината на 90-те. По објавувањето на оваа изјава, во текот на изминатиот ден, Редакцијата прими неколку телефонски повици и пораки од разочарани и изманипулирани луѓе што споделија исти или слични ставови.

Џ. Дерала

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сабаленка и Американката Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос

June 7, 2025

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп доби судска дозвола да го ограничи пристапот на новинарите на Асошиејтед Прес во Белата куќа

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk