ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нова шанса и за Макрон и за Македонија

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека теоретски е можно наскоро да влеземе во еден паралелен процес, односно да добиеме датум за преговори, а истовремено да почне и спроведувањето на новата методологија во Унијата. Тој додава дека идеалното сценарио би било доколку Макрон наскоро го повлече ветото за Македонија, а го остави за Албанија. Арсовски објаснува дека на тој начин францускиот претседател конечно ќе се ослободи од епитетот „лошо момче“, а сепак ќе остане цврсто на ставот дека е потребна методологија.

October 29, 2019 11:35
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме силни аргументи за да го убедиме францускиот претседател Емануел Макрон дека методологијата пред проширување на Европската Унија може да се трансформира во проширување заедно со промената на методологијата. Ова го изјави премиерот Зоран Заев и истакна дека постојат големи шанси проширувањето на европското семејство да оди заедно со реформите во преговарачкиот процес за прием на нови земји, пренесува Слободен печат.

Реномираниот „Фајненшл тајмс“ објави дека Франција би можела да го укине ветото за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство. Ако биде прифатено ваквото барање на Париз, оценува весникот, повеќе не би имало причина за одлагање на процесот на проширување на ЕУ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека теоретски е можно наскоро да влеземе во еден паралелен процес, односно да добиеме датум за преговори, а истовремено да почне и спроведувањето на новата методологија во Унијата. Тој додава дека идеалното сценарио би било доколку Макрон наскоро го повлече ветото за Македонија, а го остави за Албанија. Арсовски објаснува дека на тој начин францускиот претседател конечно ќе се ослободи од епитетот „лошо момче“, а сепак ќе остане цврсто на ставот дека е потребна методологија.

– Во секој случај, конечната одлука за повлекување на ветото Франција нема да ја донесе во скоро време. Таа ќе почека за да види колку ќе се задржи притисокот од другите земји кон неа. Инаку, теоретски е сосема возможно паралелно да се спроведуваат преговорите и методологијата. Тука не постои технички проблем, туку прашањето е политичко. Всушност, главниот проблем на Франција не е методологијата, туку тоа што не сака проширувањето на Унијата да продолжи да се прави како до сега. Треба да биде јасно дека што повеќе се проширува европското семејство, толку повеќе слабее самата Франција. Токму затоа Париз бара одлуките отсега да не се носат со консензус, туку со квалификувано мнозинство – објаснува Арсовски.

Според него, тоа што би можело сега да се очекува е Франција да го повлече ветото за Македонија, а да го остави за Албанија.

– Со пуштањето на нашата земја во ЕУ, францускиот претседател практично ќе си го обели образот по направената грешка во Брисел. Преку задржувањето на Албанија во чекалната, пак, Макрон дополнително ќе го зацврсти влијанието во однос на промената на методологијата – вели Арсовски.

Аналитичарот Насер Зибери смета дека убедувањето на Макрон да го повлече ветото ќе претставува долг и макотрпен процес.

– Ако на францускиот претседател му одговараше паралелен процес, тогаш тоа ќе беше понудено уште на самитот во Брисел. Лично се сомневам дека расположението кај Макрон се променило во рок од неколку недели. Сепак, не треба да губиме надеж, бидејќи до самитот во мај има уште половина година, а тоа е доволно време за извршување притисок и за убедување на Макрон – вели Зибери.

Европските либерали, пак, едногласно усвоија резолуција за поддршка на европската перспектива на Македонија. Тридневниот конгрес во Атина резултираше со барање на европските либерали земјава да добие датум за почеток на пристапните преговори веќе на следниот самиот на Европскиот совет во декември годинава.

Процесот на проширување на Европската Унија мора да продолжи, секоја држава мора да биде оценувана индивидуално, а Македонија испорача сè што претходно беше побарано, беа дел од заклучоците во резолуцијата.

На конгресот присуствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој истакна дека очекува овие заклучоци да направат сериозен притисок врз францускиот претседател Макрон.

Next Post

Недела на современ јапонски филм во Скопје и Битола

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk