ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ципрас: Горди сме на Договорот од Преспа

Лидерот на СИРИЗА додаде дека тие, исто така, се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

November 1, 2019 12:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот, пренесе МИА.

– Да, горди сме за овој договор бидејќи денес грчките воени авиони кои го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, а не турските воени авиони, како што ќе беше ако не го преземевме овој историски чекор. Горди сме бидејќи го одбранивме патриотскиот интерес онака како што во тој период оцени мнозинството од Парламентот. Горди сме што дури и денес, кога соседната земја е во тешка ситуација, ние сме тие кои преземаме иницијативи во корист на стабилност во соседната земја, додека грчката Влада на Самитот ги набљудуваше Данска и Холандија како се занимаваат со Западен Балкан, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА додаде дека тие, исто така, се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

– Затоа што тогаш, гледам вашиот лидер ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што го потпишавме, рече поранешниот грчки премиер.

Ципрас му порача на Мицотакис дека не му дозволува „сега да тргува со патриотската чувствителност“.

– Вие кои го навредивте, го клеветевте, го поделивте грчкиот народ за прашањето за името, за по изборите да речете дека ќе се придржувате и ќе го почитувате Договорот од Преспа, истакна лидерот на СИРИЗА.

Next Post

Царовска: Повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk