ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Место за земјоделство, фондовите во Бугарија и Унгарија потрошени за партиски цели

Последното истражување на „Њујорк тајмс“ за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од Источна Европа не предизвика конкретни одговори од Европската комисија. „Њујорк тајмс“ во своето викенд-издание откри дека милијарди евра од фондовите на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ се злоупотребуваат во партиски и политички цели, меѓу другото во Унгарија, Чешка или Бугарија.

November 5, 2019 10:22
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Последното истражување на „Њујорк тајмс“ за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од Источна Европа не предизвика конкретни одговори од Европската комисија. „Њујорк тајмс“ во своето викенд-издание откри дека милијарди евра од фондовите на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ се злоупотребуваат во партиски и политички цели, меѓу другото во Унгарија, Чешка или Бугарија, пренесува МИА.

Истражувањето кое новинарите го воделе девет месеци во повеќе земји членки на ЕУ обелодени како унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги користи земјоделските фондови на ЕУ за да ги дистрибуира на членови на неговото семејство, пријатели и партиски лојални членови. Во Чешка е инволвиран исто така премиерот Андреј Бабиш, кој веќе се наоѓа под истрага за злоупотреба на ЕУ фондови. Минатата година во Словачка е убиен новинарот Јан Куциак кој истражуваше токму за финансиски злоупотреби во земјоделството.

– Европската комисија има нула толерантност за злоупотреби на ЕУ-фондовите и поради тоа инсистира земјите членки да се заложат за спречување на злоупотребите. ЕУ има многу јасни правила за тоа како треба да се управува со ЕУ-фондовите, меѓу другото, кога станува збор за земјоделските фондови – изјави Даниел Росарио, портпарол на Европската комисија за земјоделство. Тој додаде дека според принципот на заедничко управување, земјите членки се први одговорни за добро и легално управување со ЕУ-фондовите.

– Европската комисија многу сериозно ги сфаќа сите наводи и сомнежи за злоупотреба или лошо управување со фондовите. Сите поплаки треба да се упатат до ОЛАФ (тело на ЕУ за борба против малверзации, н.з.) Повеќе истраги се моментално во тек. ЕК спроведува и сопствени ревизии, меѓу нив некои се во тек во Чешка и Унгарија. Ако истрагите донесат докази за злоупотреба тие се препраќаат во ОЛАФ за дополнителна истрага – прецизираше Росарио.

Останува дека најгорливото прашање за искористување на фондовите во партиски и политички цели е во рацете на земјите членки, а истражувањето покажува дека токму владите на тие земји членки ги злоупотребуваат фондовите.

– Што се однесува до прашањето за владеење на правото во однос на сопственост на земјиштата, прво одговорноста за дејствување се наоѓа кај земјите членки. Меѓутоа, секогаш кога има наводи за лошо управување во земјите членки, службите на ЕК внимателно ги разгледуваат случаите како што се прави сега по наводите во неколку земји членки како Чешка и Унгарија – вели Росарио.

Европската комисија, исто така, не беше во можност да одговори дали планира да ги измени сегашните правила кои им дозволуваат на политичари, пратеници, министри да имаат пристап до фондовите и да спречи во иднина конфликт на интереси.

Заедничката земјоделска политика претставува околу 40 отсто од вкупниот буџет на ЕУ и е една од најзначајните европски политики. Составот на ЕК во заминување предложи реформа на ЗЗП со која им се дава поголема моќ на земјите членки во искористувањето на фондовите.

Next Post

Во Кавадарци едукативна сесија за правно зајакнување на граѓаните со ниски приходи

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk