ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа за прогресивниот данок: Приходите пониски за 51,2 отсто

Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии (МФ) насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“

November 11, 2019 16:10
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии (МФ) насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“, пренесува МИА.

Според анализата објавена на веб-страницата на Министерството, износот на остварени приходи само од прогресивната и повисока стапка на личен доход, со анулиран ефект од пораст на плати и вработувања, за првите шест месеци од 2019 година е 12,7 милиони евра. Потенцијалниот приход, доколку субјектите не го променeле своето однесување, ќе бил 19,2 милиона евра.

-Оттука, вкупно изгубените приходи што можеле да се приберат, а не се прибрале, се оценети на 6,5 милиони евра што претставува 51,2 отсто од прибраните приходи од прогресивниот и повисок данок на доход. Тоа се средства кои Буџетот можел да ги има, но не ги добил поради промената во однесувањето на даночните обврзници, пишува во анализата.

Потенцијалните објаснувања за промената на однесувањето на обврзниците се дека мерката била воведена во специфичен политички и општествено-економски контекст. Исто така, обврзниците имале чувство дека не биле консултирани, како и дека не добиваат повеќе и подобри услуги, а плаќаат повеќе.

-Високиот удел на сивата економија, односно меѓу 30-40 проценти, е уште едно од објаснувањата за промена на однесувањето на обврзниците. Гледајќи дека има висок степен на неформална економија обврзниците имаат став „Зошто јас да плаќам повеќе, ако тој не плаќа воопшто?“, се вели во анализата.

Анализата посочува дека покрај дизајнот на самото решение на даночната реформа, подеднакво важен е и начинот и тајмингот на спроведување.

Понатаму во анализата се наведува дека Република Северна Македонија спаѓа во земјите кои имаат умерено ниво на доходна нееднаквост, мерена според коефициентот Џини, што значи дека постои нееднаквоста, но таа е умерена. За да може да се влијае на понатамошно намалување на нееднаквоста со даночна политика, пред сѐ, треба да се решат поголемите проблеми како намалување на даночната евазија и зајакнување на транспарентна и ефективна алокација на буџетските средства. Имено, за да се воведе прогресивното оданочување како коректор за нееднаковста неопходно е да се создадат клучните предуслови.

Министерството за финансии останува на ставот дека прогресивен данок на личен доход може да даде добри општествено-економски ефекти и поправедно и поразвиено општество, доколку има оптимален дизајн, во чиј центар е домаќинството.

Доколку е донесен во консултативен процес со сите засегнати страни и врз основа на објективни анализи и истражувања. Доколку се зајакнати се механизмите за елиминирање на сивата економија, во рамки на холистички пристап согласно со Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2018-2022 и нејзино унапредување.

Исто така, се наведува дека треба да се подигне довербата во институциите, како и да се воспостават ефикасни и ефективни процеси со искористување на потенцијалот од технологијата, со цел намалување на административниот товар.

Анализата можете да се прочита на https://finance.gov.mk/mk/node/8323.

Next Post

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk