ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Тимоние: Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Протоколот за нашето членство во НАТО, освен Франција, претстои да го ратификуваат уште и Холандија и Шпанија.

November 11, 2019 15:10
in Uncategorized, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е во тек и без проблеми треба да се ратификува во Франција до крајот на годината, рече денеска францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние, пренесе МИА.

Тимоние изјавата ја даде по комеморацијата на француските воени гробишта во Скопје, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.

Протоколот за нашето членство во НАТО, освен Франција, претстои да го ратификуваат уште и Холандија и Шпанија.

Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање во однос на „малиот шенген“ што е инцијатива на лидерите на Западен Балкан, рече дека секоја соработка во овој регион е добредојдена.

– Секако тоа беше и пораката на претседателот Емануел Макрон што ја даде во Софија дека секоја соработка во овој регион меѓу земјите од Западен Балкан е добредојдена, бидејќи како што гледате и денеска соработката до што не донесе, дека тоа само има позитивни плодови, и Франција го поддржува таквиот вид на соработка, рече Тимоние.

На Француските воени гробишта во Скопје денеска амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.

Претставници на државните и општинските власти, како и на дипломатскиот кор и граѓанското општество по тој повод положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, на денот кога Франција и Германија го одбележуваат помирувањето меѓу двете држави како уште еден доказ за француско-германското пријателство.

На комеморацијата беше прочитана и пораката на државната секретарка во француското Министерство за вооружени сили, Женвјев Дариесек, во која се вели дека една година по завршувањето на борбите од Големата војна, на 11 ноември 1919 година, Примирјето за првпат беше одбележано откако се врати мирот.

– На овој ден Нацијата им оддава посебна почит и на војниците кои загинаа за Франција во мировни операции. Преку националниот споменик подигнат во нивно сеќавање, претседателот на Републиката го впишува во камен, исто како и во сеќавањата, сето признание на цел еден народ за своите борци, се наведува во пораката на Дариесек.

Next Post

Поскапуваат горивата

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk