ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Судската администрација: Ова е последна опомена за Судскиот буџетски совет кој е нетранспарентен

Судската администрација во сите судови низ државата денеска протестираше против одлуките на Судскиот буџетски совет, кои се однесуваат на нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во штрајкот од 2016 година

November 15, 2019 13:23
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Судската администрација во сите судови низ државата денеска протестираше против одлуките на Судскиот буџетски совет, кои се однесуваат на нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во штрајкот од 2016 година, пренесе МИА.

– Ова е последна опомена за Судскиот буџетски совет кој е нетранспарентен. Неколку пати, а посебно на последната седница побарав да присуствувам како претседател на синдикатот, но веднаш беше одбиено барањето. Револтот е огромен. Не сакаме да ги спориме ниту платите, ниту додатоците на плата на судиите, туку го спориме нехуманиот однос на оние кои одлучуваат за судската служба затоа што договорот беше додатоци за плата да добијат сите исто во процентуален износ. Во септември беше одредени и судиите и судската администрација да добијат пет проценти додаток на плата, меѓутоа од Судскиот буџетски совет велат дека немаат зголемување на пет проценти на платата како останатата администрација и си доделија уште пет проценти додаток, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски.

Според проценките на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација кои го организираа денешниот протест, судиите зеле додаток на плата од 6.000 до 9.000 денари, а судската администрација од 750 до 1.000 денари.

Според Синдикатот, на незаконит начин им се одземени и дел од платите на учесниците во штрајкот од 2016 година.

– Како синдикатот заедно со Владата обезбедивме средства за да им се вратат парите на вработените, но Владата бараше законска постапка и тие пари ги префрли на Судскиот буџетски совет. Беше договорено постепено враќање на парите и да се исплатат сите учесници во штрајкот од технички персонал, до судски службеници и судска полиција, но добивме разноразни одговори дека на дел од луѓето не може да им се исплатат парите, а обезбедени се пари за сите учесници во штрајкот, изјави Грујовски.

Од УПОЗ и Здружението на судски службеници бараат да имаат и свој претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба, како и поинаква дефиниција на позицијата на судската служба.

Доколку не наидат на разбирање од страна на Судскиот буџетски совет, најавуваат дека ќе ги искористат сите форми на притисок.

– Секоја активност која ја преземаме потекнува од членството. Сите форми на притисок ќе ги примениме, но нема да им го направиме задоволството повторно да штрајкуваме за да повторно да ги казнуваат. Ќе бараме нови форми на притисок, но ќе побараме помош и од Владата, посебно од Министерството за правда да се вложи во овој процес бидејќи судството е дел од Министерството. Министерката за правда мора да учествува на седниците на Судскиот буџетски совет бидејќи ова што се случува во Советот излегува од контрола, истакна Грујовски.

Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници.

– Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд Скопје за да дадеме подршка на судските службеници. Сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едни од највредните службеници генерално  во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат, по разни основи, повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа, имаат многу работа и не гледам зошто не би ги поддржале. Не гледам проблем ниту во Судско буџетскиот совет и ние судиите и советот ги подржува судските службеници во нивните барања. Очигледно е дека во минатото платите се зголемувани и таа тенденција треба да продолжи, изјави судијата Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

И покрај протестот, како што информираа од Кривичниот суд, денеска се работи без застој и не е одложена ниту една главна расправа на притворски, итни или предмети со поголем број обвинети со цел да не дојде до непотребно одоговлекување на судењата.

Next Post

Заев – Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk