ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор

Според официјални извори од МВР, при последната проверка на полицијата извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. Во моментов, се трага по бегалецот.

November 16, 2019 11:57
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Драганчо Стоименов, алијас Дацо Белски, осудуван или под истрага за повеќе кривични дела, избега од домашен притвор, според информации од нашите соработници во Кочани. За Белски последен пат се слушна во јавноста откако доби притвор како осомничен за обид за убиство, по пукањето во ресторанот „Аква“ во Кочани минатата пролет. Тој самиот се предаде на властите во април.

Белски е поранешен телохранител на Сашо Мијалков, братучед на бегалецот од правда Никола Груевски и поранешен директор на УБК. Тој ѝ е познат на јавноста и од случајот Детонатор, кога во 2012 година, со полициска акција во источниот дел на земјата беа разрешени 13 полициски началници и командири, беа запленети околу 1.000 покер апарати, 14 лица беа осудени на затворски казни. Во тој случај, Дацо Белски беше на „оштетената страна“.

„На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор. Според надлежноста, полицијата прави проверки неколку пати во текот на денот. При последната проверка, извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“ – изјавија официјални извори од МВР за ФРОНТЛАЈН.

Next Post

Поткозјачки литературни средби 2019 – 500 години Куманово

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk