Прашање: Првиот дел од дебата, за дополнителното зголемување на пензиите. Тоа дополнително зголемување на пензиите секако дека го отвора и прашањето за стабилноста на Фондот за пензиско. Особено ако се слушнат и тврдењата, односно реакциите во јавноста дека ова го правите предизборно, бидејќи се покажа дека пензионерите се добро гласачко тело, кое што и претходната Влада практично пред сите избори кога имаше ги зголемуваше пензиите. Дали сега и вие по тој тек тргнавте? Тука претпоставувам вашиот одговор ќе биде: Расте минималната плата, расте просечната плата, имаме основа. Но зошто тогаш не ги вклучивте овие основи тогаш кога ги правевте реформите?
„Пензискиот систем е навистина важен систем во нашата држава, и можам да кажам дека сум единствен министер коишто додека е на власт а не во опозиција, зборуваше за стабилност на пензискиот систем и како тоа треба да направиме реформа за да тој биде поефикасен, да ги постигнува целите, а тоа е: Да исплаќа пензии во моментот, да прави заштеда со реформата, дополнително да е спремен да го издржи периодот кога ние ќе треба, „Јас и Лазар да земаме пензии“ и тоа го направивме. Покажавме дека со реформа која што почна да се имплементира на почетокот на ова година, успеавме да заштедиме 3 милијарди и 700 милиони, и со тоа ја намаливме дупката од 19 милијарди на 15 милијарди, дополнително тоа што можам да го кажам е дека: Со оние политики коишто 10 години биле спроведувани, од 2006 год, каде што процентот дефицит во ПИОМ е 8 %, достигнува до 2017 год, на 29 %. Ние за две години тој процент на дефицит ви ПИОМ го спуштаме на 21 %“, рече Царовска.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска синоќа во Топ тема на Телма изјави дека од Светска банка за стабилизација на пензискиот фонд им било укажано дека треба да се зголеми старосната граница на одење во пензија како и замрзнување на пензиите.
„Јас одлучив дека не е прифатливо ниту едното ниту другото, за мене тоа е нечесна и несоодветна политика. Наместо тоа направив друг систем преку кој се стабилизира пензискиот фонд и се намалува дефицитот во истиот“, изјави Царовска.
Вели дека успеале да заштедат 3 милијарди и 700 милиони денари, а дупката во фондот ја намалиле од 19 милијарди на 15 милијарди денари.
„Дополнително ме прашавте дали ова е пред избори? „НЕ“, ова беше најавено кога ги имавме првите параметри за раст на економијата во нашата држава, и тоа го најави премиерот во јули 2019 година, кога воопшто никој не дискутираше за избори, и кога воопшто не се ставаше на агенда ова како прашање. Но пензиите треба да растат во моменти кога се зголемува приходот кај работоспособното население. Ние факт ја зголемивме минималната плата за 15 %, и факт, просечната плата за две години пораснаа за 5 %“, рече Царовска.
Лазар Јовевски, претеседател на Комисија за труд и социјала во ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не е стабилен зошто треба да има ситуација 1:3, односно на еден пензионер тројца вработени, а сега ситуацијата е 1 пензионер, а 1,8 вработен. Во оваа ситуација, додаде тој, треба да се задржиме на три поенти, прво, финансиска одржливост на системот, второ, опфатот колкава ќе биде старосната граница и трето, визија, програма во која насока ќе оди реформата на пензискиот систем.
„Сите индикатори покажуваат дека на долг рок ПИОМ има проблем. Покачувањето на пензиите најчесто се сведува на ретокрика дека е симболично. Вие пред избори велевте дека вашата визија е зголемување на десет проценти на пензиите секоја година, во овој контекст се изненадив и видов дека ако тоа се исполнело ќе требало да се исплатат 5 милјарди денари заклучно со месецов“, рече Јовевски.
„Многу е жално што домашната работа Лазе не ти е напишана како што треба. Ако ја погледнеш програмата за „Живот“ со оглед на тоа што таа е јавно достапна, граѓаните можат да проверат, стои за Пензискиот систем „токму она што денеска го правиме“ ништо поразлично, ништо повеќе, ништо помалку, рече Царовска.