ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Скопје

Еврокомесарот за миграција Аврамопулос, пак, утре ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот.

November 18, 2019 09:32
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија денеска и утре ќе биде земја-домаќин на „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, кој ќе се одржи во националното Собрание под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија, пренесе МИА.

Како што соопштија од МВР, земјите членки на ЕУ ќе бидат претставени од страна на министрите за правда и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, релевантните ЕУ комесари за правда, потрошувачи и родова еднаквост и  за миграции, внатрешни работи и државјанство, Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос, како и други претставници на европските институции.

Првиот ден од конференцијата ќе биде посветен на секторот правда,  вториот на секторот внатрешни работи. Комесарката за правда Јоурова, како што јави дописничката МИА од Брисел, денеска ќе учествува на состанокот на кој ќе се дискутира за владеењето на правото и судските реформи, како и за условите во затворите и употребата на алтернативни санкции. Јоурова во текот на денов ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет.

Еврокомесарот за миграција Аврамопулос, пак, утре ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот.

Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.

Во холот на Собранието денеска е најавена изјава на министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, а предвидена е и прес-конференцијата од првиот ден на Форумот.

Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.

Next Post

Долниот дом на француското Собрание неделава треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk