ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пораката на Рускоска ги налути судиите

За судиите ваквото однесување на Рускоска е преседан во правосудниот систем, а за Судскиот совет е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

November 21, 2019 12:26
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

СМС-пораката на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, дека ќе поведе финансиска истрага против судиите од Апелацискиот суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, да излезе од притворот во Шутка и да издржува куќен притвор, ги налути апелациските судии, пренесе МИА.

За судиите ваквото однесување на Рускоска е преседан во правосудниот систем, а за Судскиот совет е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Ако ти, со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, е содржина на СМС-порака, како што соопшти Апелацискиот суд, која обвинителката Рускоска ја испратила до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација.

По одржаниот колегиум, Апелацискиот суд објави соопштение во кое изразува став дека однесувањето на Рускоска е директна закана и грубо мешање во работата на судот каде што јавното обвинителство е само странка во постапката.

Колегиумот, како што посочуваат од Апелација, оценил дека искажаните сомневања на Рускоска се паушални, неосновани и грубо мешање во работата на судот.

– Ваквото недолично однесување на јавен обвинител кој раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција, истовремено, претставува директно влијание врз текот на водењето на судските постапки и грубо го нарушува принципот на независноста на судството, како многу важен сегмент на владеењето на правото, а токму тоа може да биде пречка за пристапување на нашата држава во ЕУ, на кое нешто се повикува обвинителката. За горенаведеното писмено се известени и надлежните институции, велат од Апелацискиот суд во Скопје.

По ова се огласи и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде што велат дека реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение очекува судска разврска.

Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.

– Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. 

Од Судскиот совет на Република Северна Македонија, пак, со осуда на однесувањето на обвинителката Рускоска бидејќи, велат, тоа е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите претставуваат грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка, влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи, злоупотреба на правата во судска постапка, недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето судски одлуки и нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото, се наведува во соопштението од Судскиот совет.

И Управниот одбор на Здружението на судиите со најостра осуда за, како што велат, нападите врз судството и судиите од било која страна. Сметаат дека нападите претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето.

Со осуда за изјавата на Вилма Рускоска излезе и адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска бидејќи, како што вели, таа е непримерна, недозволена и е притисок врз судството.

Премиерот Зоран Заев не сакаше да ја коментира вчерашната најава на обвинителката Вилма Рускоска.

– Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на веб-платформата „Отворени финансии“.

Од Апелацискиот суд велат дека одлуката за Јанева да замине во куќен притвор е донесена поради фактот што истражната постапка за „Рекет“ е завршена, има обвинение, како и поради нејзината нарушена здравствена состојба.

Јанева, како што посочуваат оттаму, има забрана за комуникација со лицата опфатени во случајот „Рекет“, одземен ѝ е пасошот, забрането е да ѝ се издаде нов, а изречена ѝ е забрана за напуштање на државата и со лична карта.

Апелацискиот суд завчера ја уважи жалбата на Јанева и ѝ одреди мерка куќен притвор, по што таа ја напушти „Шутка“ и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Во куќен притвор од 24 септември е и второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец, а во затворот во Шутка остана првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски.

Првото судско рочиште за случајот „Рекет“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 3 декември.

Next Post

Шекеринска - Франција го ратификуваше протоколот за НАТО

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk