Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против П.Ж. (59) за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик, пренесе Слободен печат.
Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на дадилката која вчера тепаше 2-годишно дете во скопската населба Аеродром, дознава „Слободен печат“.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против П.Ж. (59) за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничената на вчера (21 ноември), во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка.
Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди.
За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години.