ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

РСЕ: Распоредени 1839 рамковни вработени, над 900 уште седат дома

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки пред два месеци изјави дека 938 вработени, според Рамковниот договор, и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата.

November 22, 2019 23:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем дел од вработените според Рамковен договор или 831 лице ќе завршат во 15 министерства. Останатите ќе бидат рапсоредени во дополнителни 175 институции. Но, сè уште голем дел од рамковните вработени седат дома и земаат плата, анализира Радио Слободна Европа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е предводник на листата по распоредени државни службеници вработени според Рамковниот договор.

До септември годинава вкупно 1839 државни службеници, според податоците до кои дојде РСЕ, се распоредени во 190 државни институции, а најголем од нив или 831 лица ќе станат дел од петнаесет министерства, односно сите во состав на Владата освен министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое е надлежно за спроведување на Рамковниот договор.

Во Министерството за земјоделство се распоредени 128 вработени, осум помалку или 120 завршиле во МВР.

Потоа следи Министерството за економија со 90 службеници и министерството за правда со 86. Подолу на листата се Министерството за одбрана со 65 вработени и Министерството за финансии со 64.

Најдолу на листата е Министерството за локална самоуправа со 8 распоредени рамковни вработувања.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки пред два месеци изјави дека 938 вработени, според Рамковниот договор, и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата.

„Сегашната влада имаше одлука за распределба на 938 административци во институции и од нив за 519 почна постапката и тоа во сите ресори кои се на ниво на владата, каде имаме одговор и правиме селекција во прва фаза. Верувам дека првата фаза ќе помине без никаков проблем и потоа ќе преминеме на втората фаза, при што со владина одлука треба да се направи распределба на 938 административци“, изјави Дураки.

Целата анализа можете да ја прочитате на РСЕ.

Next Post

Ангеловска: Со членството во НАТО поголеми инвестиции и пораст на економијата

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk