ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алал истражувачко новинарство, одлично теледиригирано

Знаете ли како звучи кога само ќе се спомне дека некој добил од државата пари во илјадници евра без разлика за колкав временски период е тоа и за каков ангажман? Тоа кај нас, за жал, одма одекнува како некој да ја опљачкал државата 17.000 евра и се шета слободен додека луѓе за украдени „10 ќебапи“ скапуваат во затвор. Но, да не се потценуваме, вие добро знаете како звучи тоа, токму затоа сте го пишале текстот и сте ставиле таков наслов

November 23, 2019 15:35
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Знаете ли како звучи кога само ќе се спомне дека некој добил од државата пари во илјадници евра без разлика за колкав временски период е тоа и за каков ангажман? Тоа кај нас, за жал, одма одекнува како некој да ја опљачкал државата 17.000 евра и се шета слободен додека луѓе за украдени „10 ќебапи“ скапуваат во затвор. Но, да не се потценуваме, вие добро знаете како звучи тоа, токму затоа сте го пишале текстот и сте ставиле таков наслов.

Зборот ми е за текстот на Фактор со наслов „Советнички услуги: Мирослав Грчев за две и пол години од Влада и од Култура добил 17.000 евра?“

И одекнува таа цифра од 17.000 евра и мме си вели на прва секој нормален човек – ја опљачкаа државава, за кој курац бе ние…

Значи УАУ?!

Ако ги поделиме тие 17.000 евра на 2,5 години (30 месеци), испаѓа една фантастична сума од 566 евра или околу 35.000 денари месечно, што ја земал професорот Грчев од државната каса за овие две и пол години за советување на Премиерот и министерот за култура и за изработка на неколку закони!

Н.Н.Ф. (Нина Нинеска Фиданоска) е потпишана под овој истражувачки текст на Фактор, а потоа истиот текст е пласиран како ексклузивитет и е расфрлен низ сите визбански медиуми. Да, има сè како што треба: веродостоен документ од „одредени наши извори“, посочување дека ставовите од професорот се блиски на сегашната власт, а критички кон поранешната, посебно на проектот „Скопје 2014“, неговата улога во Шарената, каде е вработен неговиот син, секако има и прашалник на крајот од насловот, за секој случај нели, евентуално…

И, ич нема да навлегувам во тоа дали е етички или не да се објави оваа инфомација, вие сте доволна искусна новинарка, сте биле Уредник и на Утрински весник. Баш скоро ми допадна во рака вашиот едиторијал, каде ракоплескате за затворањето на Велија и А1 ТВ. Извонредно колегијално, браво.

Ич нема да навлегувам ни во тоа дали професорот од Архитектонскиот факултет ги заслужил тие фантастични месечни хонорари.

И да, супер ви е и крајот од постот каде го спомнувате и синот на Грчев, во супер „ненаведувачка конотација“, многу искусно и со сенс, мора да се признае.

Не, овде нема лажна вест, нема ни говор на омраза. Овде има одлично наведување.

Алал истражувачко новинарство, одлично теледиригирано!

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Next Post

Протест против отворањето на рудникот Иловица

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk