пишува: РИБАРО
Јове Кекеновски и негова ФРОДЕМ, се испораспишале уште од сабајле соопштенија, крева Јове сафри на луѓе, па тоа пожарни брзи помоши фрчат од Скопје па до Галичник и Река, општа паника во државава. Подгрева лажни надежи и поткрева страсти уште понеделнички, па гледам и свечености за дочек на Грујо се организираат од страна на негови верни поддржувачи, па она солзи радосници, икони, тетоважи и што ти не знам се избацуцваат повторно на површина…
А, еве од утрово и јас сум паднал во емотивен муд, а и притисокот ми е покачен, после читањето на соопштението од ФРОДЕМ, дека Грујо бил уапсен во Будимпешта, а Заев и Десковска намерно не побарале екстрадиција. Опа бато мме. ги фатил Јове живи Заев енд комуњарска компанија!?
Па читам даље, има купишта прашалници и шпекулации во именуваното соопштение: зошто се молчи за ова прашува Јове, па јавноста има право да ја знае вистината, па има тоа дека власта намерно го пуштила да побегне, дека цело време е во дослух со Грујо и што ли уште не се изначитав понеделнички.
Инаку таа „сериозна“ информација Кекеновски ја добил од „релевантна и сериозна“ Јутјуб српска телевизија, и од пази ваму релевантен соговорник кој бил претседател на уште порелевантна Републиканска партија на Србија, човече.
И сега, нормално тие релевантни шпекулации, се експресно демантирани од министерството за правада и нема приказна, уствари има приказна која некој намерно или не, му ја подметнал на Јове, ама нема никаква поткрепеност.
Муабетов е „Тресла се гора, родио се Јове“.
Едно мора да се признае: Јове и неговиот ФРОДЕМ си ги имаа своите петнаесетина минути слава, кои за жал ги искористија во пласирање на една замајувачка и погрешна информација. Не верувам дека тоа им е намерно смислено, но би ги предупредил да не наседнуваат на наведувачки теледиригирани жолти комбиња, кои имаат цел да ја збунат јавноста и да предизвикаат недоверба кон сè и сешто.
Воедно, ги предупредувам ФРОДЕМ и господинот Кекеноваки дека наредниот пат сметката од лековите за покачениот притисок и онаа од матичниот лекар за претрпениот стрес, ќе им ја испратам на нивната адреса поткрепена со соодветна тужба.
Фала многу пријатно! (ФМП)
П.с. Ја користам оваа прилика да му препорачам на ФРОДЕМ и на Јове неколку баш забавни Јутјуб канали кои имаат релевантни содржини поткрепени со сериозни истражувања; Рамна замја од овде до Арктикот, Светски заговор од љубави до секса и уште неколку други кои соодветно со линкови ќе им ги испратам на невниот официјален мејл.
Јове, стеј кул мај мен!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK