Вечерва бил приведен убиецот на Гоца и Макс – двете кучиња од населбата Аеродром кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава, пренесе А1он.
Станува збор за 17-годишниот Горјан С., а бил приведен откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.
Тој ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.