ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ќе се ревидира Законот за јазици, власта ќе го почитува мислењето на Венецијанската комисија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Венецијанската комисија и нејзините ставови апсолутно се нешто што треба да е дел од законодавството во една држава од Европската Унија, особено ако е аспирант за членство во ЕУ и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите.

December 8, 2019 09:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта ќе ги испочитува укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците. Ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите кои работат, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, пренесе МИА.

Ова вчера го соопшти премиерот Зоран Заев во Прилеп, кој посочи дека намерата е да се испочитуваа Венецијанската комисија која, како што рече, е добар репер укажувајќи ни на сите законски решенија, пред се од областа на правото, но и во ова законско решение каде тоа можеме да нарушиме одредени други права и вредности и е многу прецизна во делот на правосудството.

Напомена дека СДСМ е авангардата на донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер ДУИ и потсети дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници зашто, како што рече, тоа е придобивка за сите. Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Венецијанската комисија и нејзините ставови апсолутно се нешто што треба да е дел од законодавството во една држава од Европската Унија, особено ако е аспирант за членство во ЕУ и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите.

– Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството, го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е за употреба на јазиците, но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија. Гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција, рече вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања ќе одржи тематска прес-конференција за сесијата и заклучоците на Венецијанската комисија поврзани со Законот за употреба на јазиците.

Венецијанската комисија во мислење усвоено пред неколку дена ги повикува властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението, издадено по состанокот во Венеција, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Комисијата понатаму забележува дека законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците.

Next Post

Облачно, а попладне сончево со слаб ветер

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk