Пожар од засега непознати причини избувна во стан на улицата Френклин Рузвелт, во зграда спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство.
Противпожарната единица го гасне пожарот на петтиот спрат во зградата. Повредени во пожарот нема, а повеќе детали околу пожарот се најавни откако истиот ќе биде изгасен.
На терен се излезени пет возила на противпожарната единица и 15 пожарникари, а присутно е и возило од Брзата помош.