Ноќеска, околу 1,45 часот, пред спортскиот центар на ул .„Лондонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Н.(30) и Е.Н.(25), двајцата од Косово.
Двајцата се сомничат за извршено кривично дело „тешка кражба“, незаконско преминување на државната граница и поради тоа што не носеле документи за идентификација.
Тие биле сместени во Прифатен центар за странци – Скопје за понатамошна постапка.