ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Моделот на јавно-приватно партнерство – опција за терцијална гасификација на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од своја страна истакна дека тие како Град стратешки гледано ја завршиле првичната обврска, а тоа е дека секундарниот гасоводен прстен околу градот е затворен

December 13, 2019 15:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воспоставување јавно-приватно партнерство со формирање една компанија за сите општини е една од опциите кои се разгледуваат за терцијалната гасоводна мрежа за Град Скопје, но одлука на ниво на Влада се уште не е донесена, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Една од опциите е токму таа. Разгледуваме три опции. Она што фаворизира Владата е дека не треба да ги задолжуваме граѓаните преку градовите, општините, па дури и државата за проекти каде што има интерес по пат на јавно-приватно партнерство или концесија да се реализираат секаков вид проекти. Ова е еден од ваквите проекти за кои постои огромен интерес не само за Градот Скопје, туку и за големите градски средини и за помалите урбани и рурални средини во државата. Ние одржавме состанок со (скопскиот градоначалник Петре) Шилегов и присутна е флексибилност на Градот Скопје. Продолжуваме со разговори и со другите, пред се, урбани средини низ државата за да го видиме нивниот интерес затоа што на крајот се работи за локална комунална инфраструктура од државно стратешко значење. По завршените консултации ќе донесеме конечна одлука со консензус и на задоволство на сите, после сите анализи кои ги правиме како ќе почне изградбата на секундарните и терцијалните гасоводни системи во државата, рече Заев на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градежните активности за проширување на булеварот „Никола Kарев“, познат како „Пластичарска улица“.

Тој нагласи дека примарниот гасовод се одвива со одлично темпо, а реализацијата е преку 80 отсто и верува дека со последните наплати ќе се доближи до 100 проценти.

– Овие денови развиваме дополнителни активности за интерконекторот со Грција и со конекторската мрежа Петрич – Струмица, која ќе го комплетира целиот примарен гасовод во државата. Тоа е алармот дека треба да почнеме веќе со изградба на секундарната гасоводна мрежа, рече Заев.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од своја страна истакна дека тие како Град стратешки гледано ја завршиле првичната обврска, а тоа е дека секундарниот гасоводен прстен околу градот е затворен и теоретски не постои место во градот каде не може да оди гасоводната мрежа, а стратешка одлука е на државата каков ќе биде обликот на финансирање на развој на терцијалната мрежа, односно донесувањето на гасоводната мрежа до домаќинствата и до правните субјекти.

– Со оглед на тоа што тоа е стратешки објект на државата и нејзина сопственост во таа одлука ние ќе партиципираме и ќе донесеме заедничка одлука со Владата која го има целото легитимно право да го управува тој процес, рече Шилегов, потврдувајќи дека состанок на оваа тема имале пред три-четири дена во Владата и се уште се прават анализите кои ќе доведат до тоа да се донесе релевантна одлука која ќе биде во корист и на граѓаните и на државата.

За тоа кога граѓаните на Скопје ќе имаат глас дома, премиерот Заев рече дека голем дел веќе имаат пристап до тоа затоа што гасоводниот систем во Скопје е направен.

– Тоа значи дека секаде каде има цевка, а има на неколку места, може да се развие мрежа директно, брзо за да се припојат самите домаќинства, но може и веднаш со цистерни преку компресиран гас да добијат големите објекти – болниците, градинките, школите што за нас е многу значајно заради чистиот воздух и заштеда во затоплување на граѓаните, а тоа може да го прават и стопанските субјекти, рече премиерот Заев.

Next Post

Зачестени напади врз функционери на СДСМ

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk