Под полна морална, материјална, кривична одговорност, овде, пред цела македонска јавност тврдам дека во ниеден момент не само што Орце не ми спомнал, туку и неговата мајка Ратка којашто ми е премногу блиска, секојдневно се слушаме или се гледаме, не ми ни спомнале дека некој им бара пари. А ако мене ми кажеа за тоа, јас ќе бев категорична да не дава пари. Категорично ќе го советував тоа да не го прави, затоа што за мене е несфатливо некој поготово од таква позиција да ви бара пари, да ве рекетира едноставно, изјави судијката Добрила Кацарска во интервју за „360 степени“.
„Верувам дека дел од јавноста нема да ми верува, но јас сум судија со долгогодишно судиско искуство и јас секогаш зборувам само со факти и ја зборувам вистината. Орце Камчев има тим од адвокати. Нема потреба мене да ме прашува. Втора работа – верувајте ми дека мене самите тие ме држат на страна и од предметот „Рекет“ и од предметот „Империја“. Не сакаат да ме поврзуваат мене со тие предмети. Значи, лично тие мене ме заштитуваат. Така да, во ниеден момент, ова го тврдам и каде сакате ќе го повторам – во ниту еден момент Орце Камчев не побарал од мене ниту еден правен совет“, рече Кацарска.
Целиит текст можете да го погледнете тука.