ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Преку владини седници во општините, поблиску до граѓаните

Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните. Од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион, да ги утврдиме нашите идни политики и одлуките за проектите кои што можат да ги реализираат општините со поддршка на централната власт како и да разговараме за тековните проекти кои што во моментов се реализираат, изјави премиерот. Тој потсети дека на седницата и претходеа теренски активности на заменици на претседателот на Владата, министрите, заменици-министри и директори

December 16, 2019 20:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата вечерва во Занаетчискиот Дом во Куманово ја одржува редовната 171 седница. Ова е трета од седниците кои се одржуваат во градовите од државата и како што најави премиерот Зоран Заев, ќе продолжат да се одржуваат еднаш месечно во десет различни региони, пренесе МИА.

– На овој начин Владата е поблиску до граѓаните, локалната самоуправа, до нивните потреби за преку практичен начин се слушнат нивните укажувања и да се одредат прироритетите во интерес на граѓаните по регионите, изјави Заев.

Тој наведе дека на седницата како гости присуствуваат градоначалникот на Општина Куманово, но и градоначалниците на Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

– Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните. Од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион, да ги утврдиме нашите идни политики и одлуките за проектите кои што можат да ги реализираат општините со поддршка на централната власт како и да разговараме за тековните проекти кои што во моментов се реализираат, изјави премиерот.

Тој потсети дека на седницата и претходеа теренски активности на заменици на претседателот на Владата, министрите, заменици-министри и директори.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во работите на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Премиерот истакна дека е исклучително важна делница која овозможува побезбедно поврзување на граѓаните од источниот со северисточниот регион.

Министерот за здравство Венко Филипче, потсети премиерот, спроведе посета на болницата, промовираше нова опрема и да ги договори идните доопремувања, а исто така оствари средба со пензионери со кои разговараше за укинување на квоти на лекови за да се добијат првични информации дали има се уште проблеми или во целина се исполнети очекувањата.

Во рамки на теренските активности, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ја посети Компанијата за месна индустрија „Никси“ како корисник на ИПАРД програмата, со цел да се охрабрат малите и средните компании да аплицираат за средствата.

– На тој начин Северна Македонија ќе го потврди првото место во регионот по искористување на овие европски фондови за развој на земјоделството и руралните средини. Навистина, мислиме дека има многу поголем капцитет, дури и таквото позитивно очекување на искористеноста е да биде уште поголемо во периодот кој што претстои, изјави премиерот.

Тој рече дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска остварила средба со корисниците на социјална пензија, истакнувајќи дека ова право го користат над 4.100 граѓани.

-Буџетот обезбедува повеќе средства, верувам дека ќе допре до многу наши сограѓани, возрасни лица кои имаат право да ја користат оваа социјална пензија, а се уште не аплицирале. Ние како што знаете згриживме и 12.000 стечајни работници од кои еден поголем број се од Куманово. Сите тие добиваат над 8.000 денари месечно се до нивното пензионирање. Навистина ја исправивме долгогодишната неправда кон овие наши сограѓани, истакна премиерот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека ова е можност за градоначалниците од североисточниот регион да отворат прашања што ги засегаат граѓаните од Куманово и соседните општини.

– Знаете дека е еден од најнеразвиените региони во државата и се надевам дека со ваква дирекна комуникација со Владата и со отворени разговори, директно на маса ќе изнајдеме начин како да ги решаваме проблемите на граѓаните, изјави Димитриевски.

Тој потенцираше дека вечерва ќе се разговара и за еден од главните проблеми, аерозагадувањето, комуналните проблеми, финансиските обврски на општините и се што значи стратешка и долгорочна поддршка од државната власт за општините.

Ова е трета седница на Владата надвор од Скопје, откако претходно се одржаа во Битола и Тетово.

Next Post

Тешка сообраќајка на улица Tрета македонска бригада во Скопје

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk