Ване Цветанов од Зелена лупа, кој учествуваше на панелот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ, на 21 декември 2019 година, му постави јавно прашање на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ:
Дали е вистина дека сега, во моментов, се подготвуваат списоци за линч во „белата палата“ што им требаат за нивна евентуална победа после изборите и каква одговорност ќе преземе ако излезат такви докази? Тие списоци, според Цветанов не се наменети само против политичките опоненти, туку и за нивните „непослушни и недоволно активни“ кадри.