ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Соработка на спасувачките екипи на земјите од соседството силен знак што може да постигне регионот кога се работи заедно

Трагичните настани носат ненадоместливи загуби, но, тоа се моменти кога на најдобар можен начин може да се изрази пријателството и поврзаноста меѓу народите. Донаторскиот концерт за ублажување на последиците од земјотресот е само почеток и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи која утре ќе биде опфатена како нов столб за соработка меѓу земјите од Западен Балкан

December 21, 2019 08:39
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој престојува во Албанија, синоќа во Тирана присуствуваше на хуманитарен концерт „Ти никогаш нема да бидеш сам“ посветен на процесот за обнова по разорниот земјотресот од 26 ноември, пренесе МИА.

По настанот тој на својот профил на Фејсбук напиша дека продолжува континуираната поддршка за утеха од трагичниот исход за закрепнување од последиците од земјотресот што го погоди Драч, и другите населени места во Албанија.

Посочува дека во знак на таа поддршка, со премиерот Еди Рама и претсeдателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувале на концертот на класични оперски арии во Тирана, во изведба на најдобрите артисти на албанската опера.

-Трагичните настани носат ненадоместливи загуби, но, тоа се моменти кога на најдобар можен начин може да се изрази пријателството и поврзаноста меѓу народите. Донаторскиот концерт за ублажување на последиците од земјотресот е само почеток и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи која утре ќе биде опфатена како нов столб за соработка меѓу земјите од Западен Балкан, напиша Заев.

Искрената и посветена соработка на спасувачките екипи на сите земји од соседството веднаш после трагичниот земјотерс, потенцира Заев, е „силен знак за она што може да го направи нашиот регион кога работиме заедно“.

Постот на премиерот Заев по концертот, доби широк публицитет во албанските медиуми.

Инаку, денеска претпладне Рама, Заев и Вучиќ ќе посетат неколку делови на Драч, кој беше најпогоден од разорниот земјотрес од 26 ноември. Потоа во хотелот Рогнер во Тирана  ќе го одржат состанокот на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.

Next Post

Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk