ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Можно е да не поднесам оставка ако опозицијата ги кочи законите битни за граѓаните

Дека СДСМ се подготвува и сака да има избори, според Заев, говори и фактот што за в петок партијата има закажано седница на Централниот одбор, на која треба да се одлучи за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

December 25, 2019 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието кои, како што оцени, се од животно значење за граѓаните.

– Изборите се договорени и тие треба да се одржат на 12 април. Јас сум првиот што сака да ги запазиме сите процедури, но ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да наоѓа начини, а има право според Деловник, да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се сосема серозни причини да разговараме дури и за одложување на изборите, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на активностите за изградба на нова зграда за Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Дека СДСМ се подготвува и сака да има избори, според Заев, говори и фактот што за в петок партијата има закажано седница на Централниот одбор, на која треба да се одлучи за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Но, додаде премиерот, нема да дозволиме интересот на државата да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“.

Заев нагласи дека голем дел од овие закоини чие донесување, според него, го кочи опозицијата, мора да се усвојуваат во декември бидејќи се врзани со Буџетот за да може нивната имплементација да почне во јануари.

– Јас сум првиот што секогаш го почитува дијалогот и сега имам намера целосно да го испочитувам, но нема да понесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси, а без поднесување на оставката нема почнување на постапката за одржување на изборите, рече премиерот Заев.

Тој вели дека е најдобро да се најде заеднички јазик и се да се одвива по постигнатиот договор. Тоа, според него, е добро и за економијата, бизнисот, граѓаните, но е дециден дека нема да дозволи да се кочи носењето на законите.

– Нема да дозволам да се кочат проектите кои живот значат за граѓаните. Секој од 332 илјади пензионери го очекува покачувањето од 900 денари. Граѓаните кои работат во образованието, учителите, наставниците, професорите, вработените во образованието, сите чекаат повисоки плати, а на лекарите и медицинските сестри од покачувањето им зависи одлуката дали ќе останат тука или ќе заминат, рече Заев.

Во контекст на техничката Влада, која треба да се формира на 100 дена пред одржувањето на изборите на 12 април, според Заев, сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е едно од соодветните решенија за технички премиер.

– Но, јас сум демократ и сакам органите и телата на најголемата политичка партија во власта да ја донесат одлуката. Откако ќе биде формализирана одлуката таа ќе биде соопштена, оти ако јас сега кажам што било, тогаш која би била целта на одржување на Централниот одбор. Ќе кажат луѓето што не викате ако вие одлучувате, истакна премиерот.

За тоа дали е Спасовски е негов предлог, Заев рече дека тоа ќе го каже на органот што одлучува, по што и на граѓаните ќе им соопшти кој бил негов предлог и каква е одлуката на органот на партијата.

Next Post

(ВИДЕО) Заев и Царовска со децата од малите групни домови: Сонувајте големи работи, наша света задача е да ве поддржиме за да си ги остварите соништата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk