ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Српската полиција осми ден трага по 12-годишната Моника и нејзиниот грабнувач, малчанскиот бербер

Нинослав Јовановиќ е осудуван СИЛУВАЧ и ПЕДОФИЛ - Српската јавност отвори дебата како е можно злосторникот, три пати осудуван за силување и педофилија, да бил ослободен или без полициски надзор...

December 27, 2019 20:29
in СКАНДАЛИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата во Србија веќе осми ден трага по девојчето Моника Каримановиќ (12) и нејзиниот грабнувач Нинослав Јовановиќ (46), а во потрагата по селските области на истокот на Србија учествуваат околу 300 припадници на полицијата и Жандармеријата, со кучиња трагачи, беспилотни извидувачки летала и полициски хеликоптери. Српските медиуми иформираат дека Јовановиќ, попознат како Малчанскиот бербер, виден бил во неделата во Шврљишки Миљковац и со него била 12-годишната Моника која ја киднапирал.

Како што пишуваат медиуми, тој и девојчето еден ден поминале во домот на мештанката Б.С.. Жената инаку не живее во таа куќа, па во полицијата дури завчера кога стигнала таму пријавила дека некој престојувал во нејзиниот дом.

Покрај тоа уште еден мештанин од селото за полицијата рекол дека во неделата малчанскиот бербер од него барал шише вода затоа што му се расипал камионот. Тој рекол дека девојчето стоело на 10 метри од него.

Откако добил вода тој прашал каде е патот за Орашец, селото во кое се крие овие денови и каде во куќата на својот роднина му ја скратил косата на девојчето.

Нинослав е инаку осудуван за силување и педофилија, а се нарекува бербер затоа што своите жртви ги шиша пред да ги силува. Малата Моника е пријавена за исчезната од петокот, кога била киднапирана од Јовановиќ на патот за училиште.

Во потрагата со полицијата учествува и таткото на девојчето, Роберт Каримановиќ, кој кажа дека се надева на најдоброто, но дека стравот кај семејството е сѐ поголем бидејќи минало многу време.

Јовановиќ во 1996 првпат бил осуден на десет години затвор за силување девојка и девојче, а условно бил пуштен по девет години.

По излегувањето од затвор во 2006 извршил ново кривично дело, грабнал и силувал девојче од 12 години, а потоа грабнал уште едно девојче но тоа успеало да му избега. Тогаш бил осуден на 15 години, но минатото лето врховниот суд на Србија му ја намалил казната на 12 години.

Неколку дена по излегувањето повторно бил уапсен поради сексуално вознемирување на социјалните мрежи, а по пет месеци затвор во март годинава бил пуштен на слобода.

Случајот со грабнувањето на Моника Каримановиќ во српската јавност отвори дебата како е возможно злосторникот, три пати осудуван за силување и слични кривични дела, да бил без полициски надзор откако излегол од затвор и покрај тоа што граѓаните неколку пати предупредувале дека е опасен.

Српските медиуми пренесуваат дека родителите во селото Малча масовно ги стрижеле своите ќерки за да не го привлечат вниманието на Јовановиќ.

Next Post

Заев: Избори на 12 април ќе има, се залагаме за една изборна единица.

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk