ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Хаус-мајсторот Екрем ги поколеба вмровците

Репортерот на АХА, од вмровски извори дознава дека најверојатно станувало збор за недоразбирање, за грешка во комуникацијата, но оставаат простор и за саботажа

December 28, 2019 11:06
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Општ хаос се случувал вчера во раните утрински часови во Белата палата на вмровците. Мицкоски и потесното раководство, не можале да го најдат излезот.

Репортерот на АХА, од вмровски извори дознава дека најверојатно станувало збор за недоразбирање, за грешка во комуникацијата, но оставаат простор и за саботажа.

Имено, претходната вечер во Белата палата, претседателот Мицкоски имал состанок со најблиските соработници и пратениците. На состанокот се разгледувале најновите партиски анкети, на кои се гледал стрмоглав пад во рејтинзите на ДПМНЕ. И покрај сите оние силни блокади и опструкции што пратениците вмровци наменски ги пласираа за да се закочат сите позитивни најавени законски решенија, резултатите покажувале дека Мицковци здраво ќе го попапаат на предвремените парламентарни избори. Па имало дискусии, препирања, галама и какви ли не вмровски работи.

Во таква една напната и нервозна атмосфера, Мицкоски со повишен тон им наредил на пратениците:

МА БЛОКИРАЈТЕ СЀ! Ништо не смее да помине, ништо нема да ме поколеба и нема излегување додека…!, викал Мицкоски дури го држи гласот.

Хаус-мајсторот Екрем, кој во тој момент сменувал сијалички на еден од раскошните лустери во Белата палата (нели, оние лустери за кои Мицкоски се пофали дека веќе се отстранети), слушнал дека Мицко наредува да се блокира сè и презел конкретни мерки.

Екрем за неколку часови ги заѕидал сите влезни врати од Белата палата, потоа од надвор му се јавил на Мицко.

Шефе, наредбата е извршена, блокирано е сè, ги заѕидав сите влезови од палатата, му јавил Екрем на Мицкоски кој со своите соработници сè уште се наоѓал во Белата палата. Мицко со пцовки и колнења до трето колено го испратил Екрема, на што хаус-мајсторот Екрем „збунето“ ја спуштил слушалката и се оддалечил од местото на настанот.

Репортерот на АХА, јавува дека до раните утрински часови се слушале панични кукумјакања, а најразборит бил плачливиот глас на Влатко Ѓорчев. По неколку часа тешко заробеништво, со хилти и друга тешка механизација, специјална спасувачка екипа што дошле од германската амбасада ги ослободила излезите од Белата палата и вмровците биле успешно евакуирани.

Дали бистри Мицко прочитал нешто помеѓу редови од испратената помош од германската амбасада, или навистина станува збор за погрешна комуникација со хаус-мајсторот Екрем, останува да шпекулираме, но факт е дека вмровците после тоа почнаа понизно да ги откочуваат законските решенија предложени од владата.

Од денес Екрем работи како хаус-мајстор во Парламентот.

Го прашавме германскиот амбасадор, зошто толку ревносно се ангажирал да му најде ново работно место на Екрем?

За секој случај, може ќе ни се најде, изјави амбасадорот за АХА.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

 

Next Post

Заев: Царовска ќе ги подобри владините економски политики

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk