Деновиве, паралелно со активностите околу формирање на техничката влада, од извори во партијата Алтернатива, наскоро се очекува да се објави коалицијата меѓу СДСМ, Алтернатива и ДПА, дознава ЦИВИЛ МЕДИА.
Изворите од партијата Алтернатива брифираат дека, далеку од очите на јавноста, високи претставници на партијата на Африм Гаши, имале средби со високи функсионери на СДСМ, а се спомнува и дека на нив присуствувал и владиниот секретар Драги Рашковски.
Сѐ уште не се знае точниот број на пратеници кои ќе ги добие Алтернатива, но неофицијално се зборува дека СДСМ ќе им го даде носителот на листата во шестата изборна единица.
Од СДСМ одговорија само дека сѐ уште е рано и сѐ уште има време за разговори за коалиции.
„Сѐ уште е рано за коалиции. СДСМ ќе разговара со сите политички опции кои се залагаат за демократски и граѓански вредности“, брифираат од СДСМ.
Арбен Зеќири