Лажните вести и фантастичните сценарија по повод новата техничка влада добиваат на интензитет. Најновата е спакувана во фантастична конструкција од извесен Гораст Станковски, (именуван во коментари на социјалните мрежи како внук на Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ), постирана на Твитер.
Еве што напишал Гораст Станковски на својот Твитер профил:
„Заев веќе ја напуштил Северна. Договорот за избор на Наќе му бил телефонски соопштен од Ахмети и Мицковски. Налогот за апсење е веќе спремен и се чека формализација.
Следува и потерница по што Заев ќе побара азил во ЕУ.
Се собираат војводите по штабови!
Долга е раката на ВМРО“, напишал Гораст Станковски
Ј. Ѓ.