Четворица се повредени во сообраќајка што се случила во Прилеп меѓу две патнички возила .
На крстосница од ул.„Бошко Јанкоски“ и ул.„Цане Коњарец“ во Прилеп вчера во 13 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и патничко возило „југо корал“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп.
Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.