ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Арсова: Прекрасно е чувството да се искачиш на Винсон и да предизвикаш гордост кај целата нација

Нашата публика е планината, сувата карпа и снегот. Нема кој да навива за нас кога сме таму. Ни останува кога ќе се вратиме преку фото и видео материјали да ви прикажеме, да успееме да доловиме мал дел од она што се случува на планината, а тешко е да се пренесе студот, лавините, опасноста и ризици кои не демнат постојано, не се гледа ниту на фотографија, а тешко се доловува и на видео, појасни Арсова.

January 10, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антарктикот, пред се заради самиот себе си, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација, истакна денеска Илина Арсова на прес-конференцијата по повод нејзиното искачувањето на врвот на 27 декември минатата година.

Арсова е првата Македонка која се искачила на оваа планина, и со овој подвиг успеала да ги искачи сите највисоки седум врвови на седумте континенти на планетата Земја. Со ова, таа го комплетирала и проектот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (ФПСМ) и Агенцијата за млади и спорт, „Седум самит“.

-Навистина посебно беше чувството кога пред завршување на седмиот врв и моето пристигнување во Скопје на аеродромот освен најблиските ме пречекаа и група планинари, мои пријатели, колеги на чело со професорот Угриноски кој воедно е и првиот Македонец кој стапнал на поларното тло на Антарктикот во 2002 година. Се чувствував посебно. Сите тие луѓе на свој начин ме мотивираа да останам истрајна до завршување на оваа мисија, рече Арсова.

Најмногу ѝ е драго, додаде Арсова, што еден ваков дострел, подвиг во планинарските спортови предизвикал големи реакции во јавноста и чувство на радост кај поширока јавност, а не само кај планинарите.

– Навистина имаше бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите, имајќи во предвид дека сепак планинарските спортови не се најпопуларни спортови како ракометот и кошарка, кои имаат многубројна публика. Нашата публика е планината, сувата карпа и снегот. Нема кој да навива за нас кога сме таму. Ни останува кога ќе се вратиме преку фото и видео материјали да ви прикажеме, да успееме да доловиме мал дел од она што се случува на планината, а тешко е да се пренесе студот, лавините, опасноста и ризици кои не демнат постојано, не се гледа ниту на фотографија, а тешко се доловува и на видео, појасни Арсова.

Таа истакна дека станува збор за еден многу предизвикувачки и комплексен спорт бидејќи вклучува сегменти од повеќе спортови, дисциплини и вештини кои планинарот треба да ги поседува, за да биде член на една експедиција и за да постигне високо и гордо достигнување.

-Освен планинарење, ние треба да знаеме да качуваме карпа, да имаме познавање од алпинизам, но треба да знаеме да ракуваме со опрема за извлекување и спасување, да ракуваме со јажиња и опрема за обезбедување, треба да познаваме прва помош, дотолку да може да си укажеме на себе си или на партнерот. Треба да познаваме и лавинологија, метеорологија, топографија, геоморфологија..

Планинарот, според Арсова, мора да се приспособи на екстремни услови за живот, а споредбено со другите спортови, натпреварот на планинарите како што рече, трае со денови или месеци на повисоките планини. До 53 дена се движат на висина над три илјади метри. Тоа се услови за кои како што рече, нашето тело не е создадено да живее и нормално да функционира.

-Згора на се, тоа се случува во услови кои се изолирани по неколку дена од каква било безбедност, и сме изложени на ризици кои не зависат од самите нас. Тоа е главниот предизвик, бидејќи треба со денови да се издржи надвор од комфор зоната. Колку и да сме ние физички спремни, колкава е таа комплексност што ја содржат нашите спортови, рече Арсова.

Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, (ФПСМ), Јовица Угриновски во свое обраќање на прес-конференцијата истакна дека заслугата е индивидуална, односно е нејзина, таа самата знае колку напор, желба, љубов, време, а и пари се потребни за да се оствари целиот проект.

-Не само Федерацијата, туку и Агенцијата за млади и спорт ја препозна оваа значајност и комплетно застана зад овој проект. Проектот не ќе можеше да биде остварен доколку не наидовме на комплетно разбирање од Агенцијата која што понесе лавовски дел од финансирањето на оваа експедиција, рече Угриновски.

Next Post

Зендели: Коалиција на БЕСА, Алијансата и Алтернатива е формула за изборна победа на албанскиот блок

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk