ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Чулев забранил да се врачуваат решенија со потпис на Спасовски, Петровска му се спротивставила

Како технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев нареди смена на 12 раководители и заменици во МВР. Секојдневно, тој најмалку по еднаш влече скандалозни потези и влегува во конфликт со својата заменичка Славјанка Петровска.

January 10, 2020 20:45
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Tехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, пред два дена испратил телеграма до сите раководители на организациските единици во рамките на МВР да не ги врачуваат решенијата за распределување работници што ги потпишал неговиот претходник Оливер Спасовски, објави 360 степени.

Во телеграмата Чулев им посочува да почекаат да добијат насоки за понатамошно постапување.

Дополнителната заменичка Славјанка Петровска, пак, истиот ден му пишала на Чулев дека во телеграмата не навел која е законската основа за таквото барање до раководителите.

„Ве известувам дека не е наведен законски основ врз основ на кој се бара да не им се врачуваат решенијата. Истовремено укажувам дека поединечен правен акт донесен врз основа на закон не може да се суспендира со телеграма“, напишала Петровска.

Ова не е прв судир на Чулев и Петровска откако на 3 јануари ги добија функциите во техничката влада.

Едно од последните несогласувања е и околу тоа кој да биде прв човек на скопската полиција. Чулев за началник на СВР Скопје го именуваше Ристе Ставревски, но Петровска не се согласува зашто, како што вели, тој бил дел од „бомбите“ што во 2015 година ги објавуваше СДСМ, кои сугерираат дел бил од партијата од која таа е номинирана за дополнителна заменик-министерка.

Претходно, тие се препукуваа и за состојбите во криминалистичката полиција. Два дена по стапувањето на функцијата, Чулев во интервју за ТВ „Алфа“, рече дека дел од раководниот менаџмент на МВР, кој е ангажиран во криминалистичката полиција, е во спрега со криминалните структури.

Петровска, пак, реагираше и ги отфрли како целосно невистинити зборовите на Чулев, велејќи дека иако ВМРО-ДПМНЕ најави нов лик, партијата не ги заборава старите навики. Таа обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува со намерното ширење лаги дека во МВР не постои компаративна статистика за состојбата со криминалитетот во периодот додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски. Целиот текст тука.

Инаку, Чулев смени 12 раководители и заменици во МВР. Според денешното соопштение, за сите смени Чулев и заменичката Петровска имале согласност, освен за началникот на скопската полиција, Ристо Ставревски.

Next Post

Почина српската актерка Неда Арнериќ

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk