ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сугарески: Два милиони евра за капитални инвестиции во Велес

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, истака дека ова е многу корисен проект за велешани бидејќи се работи на реконструкција на стари водоводни линии.

January 13, 2020 13:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новиот проект за локални патишта за општина Велес имаме предвидено 1,2 милиони евра, Дополнително работиме на подобрување на комуналната инфраструктура низ градот со преку 600 илјади евра. Годинава ја започнуваме со проекти таму каде што е најпотребно, а тоа е подобрување на комуналната инфраструктура во општините. Во моментов работиме на преку триесетина проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации низ општините, преку 10 милиони евра ќе инвестираме само оваа година или во подготовка сме на нови 40 проекти што ќе ги работиме оваа низ различни општини. Конкретно за Велес, инвестираме преку 620 илјади евра за овој проект каде ќе се реконструираат водоводи и канализации на преку десетина улици низ градот или реконструција на водоводна мрежа со вкупна должина од околу 4 км и канализациска мрежа во должина од околу 300 метри, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната посета на општина Велес.

Тој додаде дека во рамките на проектот за локални патишта, општина Велес има на располагање 1 милиони и 200 илјади евра така да во рамките на овие средства ќе можат да се реализираат проекти за подобрување на урбаното живеење. Исто така, министерот Сугарески упати апел до сите градоначалници што поскоро да достават готови проекти до Министерството, за да може што побрзо да ги користат средствата што се на располагање за подобрување на условите за живеење по општините.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, истака дека ова е многу корисен проект за велешани бидејќи се работи на реконструкција на стари водоводни линии.

„Се работи за стари азбестни линии кои создаваа многу проблеми на граѓаните во водноснабдувањето и често имаше дефекти. Со овој проект ќе се подобри протокот на вода, а од друга страна ќе се деблокира асфалтирањето на улиците каде се прави реконструкцијата. Ова ќе биде убедливо најуспешната година на инвестициски план на општина Велес со што ќе го подобриме квалитетот на живеење. Доколку ни дозволат временските услови, континуирано ќе работиме улица по улица за што поскоро да го завршиме овој проект“,  изјави градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски.

Next Post

Фолксваген ќе претстави четири нови кросовери

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk