ДИК се прогласи за ненадлежна за да го реши спорот меѓу техничкиот министер Наќе Чулев и неговата дополнителна заменичка Славјанка Петровска во врска со именувањето на новиот шеф на СВР Скопје.
„ДИК нема овластувања да дава оценки за поединечни акти, тоа е надлежност на судот, надлежностите на министрите не е на ДИК туку на Закон за Влада, што треба да ги почитува, наместо да се наоѓаме во ситуација ДИК да одлучува… сметам дека ваквото барање не преставува конкретен акт поврзан со изборите“, изјави Борис Кондарко на денешната седница на ДИК по барањето од Чулев за шеф на СВР -Скопје.
Одлуката беше едногласно усвоена од членовите на Државната изборна комисија.
Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, во согласност со Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменик-раководители на сектори и оддели, во согласност со член 44 од Законот за Влада на Република Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик-министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР – Скопје, на која на предлог на на Ќулев треба да дојде Ристо Ставревски, кој пак според Петровска не е соодветен за позицијата затоа што за него постоеле аудио материјали каде врши притисок врз гласачи.
Како што изјави Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за одлуката на Чулев за именување на Стсврески за началник на СВР Скопје не бил потребен врзан потпис.