Поради страв од поголема ерупција полицијата го блокира пристапот со околните села. Езерото во кратерот и реката во близина пресушија што е знак за активност на вулканот Тал.
Надлежните ги предупредија жителите да не помислуваат дека активноста на вулканот престанала заради привременото смирување на петтиот ден откако почна, Војниците и полицијата ги спречуваат селаните со чамци да се вратат до своите домови за да земат работи, кокошки и стока.
Многу куќи и имоти се оштетени од вулканска пепел од неделата кога почна ерупцијата, додека немаше повредени луѓе, а евакуирани се десетици илјади,
Вулканот Тал во провинцијата Батангас е на 65 километри од главниот град Манила.
Повеќе од 121.000 луѓе ги напуштија своите домови кога беше прогласена состојба на катастрофа. Повеќе од 370 логори се поставени на отворени, а има недостаток на маски за дишење, преносливи тоалети, флаширана вода и простирки за спиење.
Philippines: Thousands refuse to evacuate even as #Taal volcano roars #TaalEruption2020 #TaalVolcano2020 #BangonBatangas #TaalVolcanoAshfallhttps://t.co/zQgYtfZer3
— Devdiscourse (@dev_discourse) January 16, 2020
Од островот на кој лежи Тал евакуирани се најмалку 5.000 лица. Островот е популарна туристичка дестинација поради импресивниот поглед на езерото и кратерот на вулканот, шумовитите ридови и птици.
Тал е висок само 311 метри и е еден од најмалите вулкани во светот, но и еден од најживите меѓу 24-те активни вулкани на Филипините.
TAAL VOLCANO DEVASTATION| GRABE! PRAYERS FOR THE FAMILIES AFFECTED| SAVE… https://t.co/UGTnWoiNRC via @YouTube
— LYCA GAIRANOD SHOW (@unlimitedtale14) January 16, 2020
Тој југоисточен азиски архипелаг со повеќе од 100 милиони жители се наоѓа во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, со низа длабоки раседи во земјината кора околу океанскиот басен каде доаѓа често до земјотреси и вулкански ерупции.