ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Цветан звани Треќе око

Зел Цветан вмровец наш силен маш камера, и шара по подрачни единици, па патот го навртел во Берово. Им оди онака каубојски-вмровски, на вработените кои како што гледаме си се на своите работни места, од референт, советни и началник па на даље и ги плаши да си ја бркаат работата. И пустиот се потпулува одвреме на време Цветко во окото од камерата кога има да поентира нешто. А бе глумец роден се есапи самиот

January 17, 2020 23:45
in АХА!, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Цветан све види, Цветан све чује!

Зел Цветан вмровец наш силен маш камера, и шара по подрачни единици, па патот го навртел во Берово. Им оди онака каубојски-вмровски, на вработените кои како што гледаме си се на своите работни места, од референт, советни и началник па на даље и ги плаши да си ја бркаат работата. И пустиот се потпулува одвреме на време Цветко во окото од камерата кога има да поентира нешто. А бе глумец роден се есапи самиот.

А ваму, вработените сите пристојни го пречекуваат домаќински и работно, а овој Цветко им се сили и сила им покажува. Па па па… Цветко, маже, рајат малку бе, само заменски си одбран од немајкаде ене го каде е април, лаксај малку. А тоа пак дека е и противзаконски ваквиот начин на снимање го велат и од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Еве што се „дрзнуваат“ да кажат тие:

Од Дирекцијата велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и мобинг. Во Македонија постои закон за приватност на вработените во приватен, или јавен сектор, а ова секако е спротивно на тој закон.

Во дел од законот се вели, дури и да има потреба за снимање или инсталирање на видео опрема во просториите на одредена компанијата и институцијата, работодавецот мора да за тоа да ги извести вработените.

Е сеа, нека не се петелат многу овие од Дирекцијава да не им појде Цветко звани Треќе око, сос третото око и она камерманско, па да ги подбери и нив, па да видат тие на кого ќе му цитираат закони и ќе укажуваат на мобинг. Инаку и Грујо побегуља си имаше ваков ниет за негово време. Вес на него истеран Цветко наш.

Шо да се каже?

Не знам јас како успеале овие од СДСМ да ги врбуваат и колку им имаат платено на Цветан Треќе око, Рашела Мирезахи, Наќета и онаа како беше од МИОА со гламурозната администрација, за олку успешно да им прават антикампања на вмровциве, ама алал да им е на комуњариве шо ги одбрале. Сејте сеа, ќе има сеири сос вмровциве до 12ти април.

Они тек су почели!


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk