Вечерва околу 19 часот, во Белград со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и детето.
Според Телеграф.рс, непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и две деца биле со него во моментот на егзекуцијата.
„Истрагата е во тек на местото на настанот, а полицијата интензивно го бара сторителот на ова дело. За да се изврши пребарување, сите излези од Белград се блокирани и извршена е зголемена контрола врз лицата и возилата“, соопшти белградската полиција.
М. В. е Црногорец роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, пренесува Телеграф.