ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Новата опрема за царинската лабораторија ќе придонесе за заштита на граѓаните и животната средина

Софистицираната и модерна царинска лабораторија ќе придонесе против борбата со нелегалната трговија, измамата, заштитата на потрошувачите и нивното здравје, заштитата на животната средина, борбата против тероризмот и зачувување на граничниот интегритет, истакна Ангеловска.

January 22, 2020 13:38
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со грант средства од ЕУ во вредност  од 372.650 евра преку ИПА  фондовите набавени се нови софистицирани инструменти и апарати кои главно применуваат хроматографски методи преку кои се анализираат нафтени деривати, храна, алкохолни пијалаци и други производи за царински потреби, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

 Таа, образложи,  дека до колку досега нафтените деривати се испитувале со класични методи кои траеле многу долго користеле поголеми примероци и не давале комплетен состав, сега со набавената  софистицирана апаратура за покусо време, со помала количина на примерок, се добива подетален хемиски состав.

-Софистицираната и модерна царинска лабораторија ќе придонесе против борбата со нелегалната трговија, измамата, заштитата на потрошувачите и нивното здравје, заштитата на животната средина, борбата против тероризмот и зачувување на граничниот интегритет, истакна Ангеловска.

Таа, посочи, дека покрај набавената современа апаратура и инструменти се инвестира и во човековиот капитал.

 

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, ќе придонесат да се превенираат измами и кон ефикасна наплата на акцизите и царините.

-Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија покажува дека научните работници и јавните институции заедно можат да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина, рече Жбогар.  

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски наведе дека останатиот дел од опремата, во вредност од околу 200.000 евра е финансиран од Буџетот на државата.

– Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники, на кои се испитуваат обележувач во црвена нафта и нафтени деривати, квалитет на нафтени деривати и содржина на сулфур, содржина на алкохол во алкохолни пијалаци, содржина на шеќери и масти во прехрамбени производи, наведе Танасоски.

Тој истакна дека покрај инвестирањето во опрема, спроведена е и обука за сите вработени во царинската лабораторија.

– Крајна цел на модернизација на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија согласно ИСО-1720252017, што треба да биде реализирано во текот на 2020 година, посочи Танасоски.

Досега преку ИПА се склучени договори во износ од 8,8 милиони евра за поддршка на проекти во царината, односно за јакнење на административните капацитети, софтвери и други проекти во насока на модернизација на царината и усогласување со европската пракса и легислатива.

Со развојот на царинската лабораторија се повеќе се менува и нејзината основна функција при што се поактуелна станува и заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните преку откривање на стоки чиј увоз е ограничен или забранет.

 

Next Post

Полска: Забрането лелекање и постојано оплакување

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk