Петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае.
Разбојниците ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале.
Случајот во полиција бил пријавен утрово во 6.27 часот. Од МВР преземаат мерки за расчиствување на случајот.
Пред само неколку дена, во Ѓорче Петров, вооружен грабеж имаше и на банка, при што немаше повредени, но беа украдени пари, а разбојниците подоцна го запалија возилото со кое бегале.