По силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Турција, страшни сцени доаѓаат од градот Елазиг, каде досега се регистрирани 14 жртви и над 300 повредени.
Силниот земјотрес од 6.8 степени освен уривање на многу згради предизвика и пожари.
Како што може да се види едно од видеата поставени на социјалните мрежи, голем пожар зафати една зграда во овој град.
Од друга страна, спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ги спасат луѓето под урнатините.