ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026 10:29
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светската недела на доење, Министерството за здравство испрати порака за важноста на мајчиното млеко, потенцирајќи дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Годинешното одбележување се одвива под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“.

Според надлежните, мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од бројни заболувања, што директно придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето.

Препораки за доење и институционална поддршка

Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО), се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот. По овој период, се советува продолжување со доењето, комбинирано со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во зависност од потребите на детето и желбата на мајката.

Од Министерството посочуваат дека остануваат посветени на унапредување на здравствените политики кои обезбедуваат поддршка за доењето. Ова вклучува јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства.

На крајот од соопштението, Министерството упати повик за заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, нагласувајќи дека создавањето услови за успешно доење претставува инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.

Next Post

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за „талог“!

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk