Министерството за транспорт е убедливо најуспешно од години наназад, ама во вистински продуктивни проекти, водоводи и канализации. Како никогаш до сега капиталните проекти одлично движат во гасификацијата, социјалните станови, железницата, за разлика од времето на режимот кога се градеа споменици, се трошеа пари на врби и други глупости, пишува на Фејсбук министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Претходно Сугарески го истакна и започнувањето со изградба на канализација во Арачиново. Тој нагласува дека се работи за инвестиција од 1,7 милиони евра, а според извонредниот интензитет со кои се започнала изградбата и ако послужат временските услови, изградбата на канализацијата во Арачиново ќе се заврши во многу оптимален рок.
Ова беше најголемиот проблем на жителите и на нивно барање започнуваме со реализација на најголемиот инфраструктурен проект во општината, потенцира Сугарески.
Деновиве ќе започне и изградбата на канализациониот систем во Визбегово откако се финишираат и завршните работи на водоводот во Визбегово. Вкупна вредност е околу 4 милиони евра.
Ј. Ѓ