Претседателот на ЦИВИЛ и долгогодишен борец за човекови права и слободи, Џабир Дерала, на својот Твитер профил му се заблагодари на својот соборец, Јане Ѓорѓиоски за убавите зборови и поддршката која му ја дава неизмерно во време на константни напади кои ги трпи, особено по неговото обраќање во Собранието на јаваната расправа за Предлог – законот за Јавно обвинителство.
Дерала со својот јасен став и борба за правда и еднаквост за сите, отсекогаш им „бодел“ очи на полтроните на ДПМНЕовската кауза и сите нивни поддржувачи го напаѓаат во секаков облик, секако неосновано, со лаги и спинови.
Дерала неретко е мета на „куририте“ и апологетите на криминалната ДПМНЕ, кои сакаат да филуваат и дури често го навредуваат по етничка основа, дури и бркајќи го од својата татковина.
Токму блогерот и копирајтер Ѓорѓиоски, застана на страната на вистината и добрината, а Дерала одлучи да му заблагодари на својот другар, колега и соборец.
Фала другар Јане. Ќе дадам сѐ од себе да ги заслужам овие изрази на поддршка. https://t.co/CWjw4nX3TW
— Xhabir Deralla (@XhabirDeralla) January 29, 2020
И. З.